Делчево го одбележа Денот на Востанието

Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележа 79 години од  почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври. По тој повод, делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општина Делчево и претседателот Драган Маневски, како и претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани и физички лица, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст